Никогаш немам напишано блог, па мислам дека е време да
пробам, не за друго сакам сите( или дел од нив) да слушнат што имам да кажам,
на некои ќе им се допадне, на некои не, ама не
важно важно е дека јас ќе го кажам. Навистина деневови се изморив и од facebook, и од skype, и од Езел, и од сите глупости во кои ние заглавивме.
Точно е дека сме во векот на
компјутерите и техологијата, но претеравме.
Наутро стануваме и веднаш се фаќаме
за компјутерот, да видиме што има ново и да ја си обереме фармата, да не ни
овене, бидејќи ако овене ќе се најдеме во економска криза и ни нема спас.
Кутрите ние, садиме компири, жито и што ли уште не, а не знаеме мотика во
рацете да фатиме, ако некој ни каже некој земјоделски поим три дена и три ноќи
ќе мислиме што ни збори овој. Но што е важно тоа кога ние сме во првите тројца
по големина на играта и имаме дури три фарми, но да не се лажеме, се што имаме
е само залудно потршено време, наместо средување на нашиот живот и стремење кон повеќе. Мислам не
само тоа туку и помалку патетични стануваме. Секој ден пишуваме статуси за тоа
колку се бедни нашите животи, понекогаш дури
не сме свесни за тоа. Секој ден се жалиме колку е тешок овој живот у
п.м. , треба да станам утре рано да одам на факс у п.м., леле треба да учам за
испит у п.м., кој ќе пие вечер у п.м.,
леле кога ќе дојде викенд се овоа да заврши у п.м. , леле ама досадно за викнед
, коа ќе дојде време за излагање у п.м.. Стварно навистина е тешок животот, но
да ги прашаш оние по улиците на нив навистина никогаш не им е тешко, секогаш
имаат нова грижа и проблем и супер им е. Но има и такви што спијат, буквално
спијат на facebook. Се
вклучуваш на интернет и гледаш во 1:30 некоја си таму непозната френдица постирала песна, после
десет –петнаесет минути ете ти нов статус како е супер да си сама, после пак
споделува некоја страна за тоа за да
видат луѓето дека таа е сеуште вклучена, потоа пак статус како треба да прави
нешто, но потоа пак пишува нешто ново, потоа пак некоја песна, па потоа пак статус како сите ја сакаат и
како е центар на светот и така цел ден и на крајот следува Јелена Карлеуша и
Како е добро бити ја, баш е добро екстра е, 24/ на facebook е навистина запрепастувачи, тоа
не го може секој, уаоооооооооо.
Која катастрофа сме луѓе. Има и такви кои морат
да не известат за секој нивни чекор, чекај бе човеку па што ме гајле сега каде
пиеш ти кафе и со кој си, мора сите да знаат и после леле луѓе само ме
оговараат овие низ град, глупаци, ти соблечи се гола па некој ќе миже додека си
на почетна. И на место да уклучваме на интернет за да видиме некоја важна
информација ние се вклучуваме за да трчариме и да ги потсетиме луѓето дека сме
живи бидејќи ако те нема неколку дена на facebook веднаш се крева паника. Facebook е добар, но не е нас, ние
седнуваме и е крај на се. Се е подосадно од него, а можеме да станеме да
прошетаме, да се напиеме кафе, да побараме работа, да видиме што се бара, да
побараме каде може да се надоградиме, да се запишеме на некој интересен курс,
но facebook со статус “Умирам од досада”
е поинтересен. Е затоа ќе си страдаме и ќе се прашуваме зошто сме сами, зошто
немаме работа, е зошто де? Сигурно нема некоја да ти тропне на врата и да ти се
понуди, и сигурно нема да ти носи кафе доде ја копаш фармата, а таа што ја боцкаш таму е само профил,
можеби лажен.
Ајде луѓе тргнете се од тие компјутери и живејте малку, малку
повеќе, бидејќи утре можеби и нема да можете.


